„Ало докторе“: За една недела 1.719 повици

16.01.2017 10:42

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици.

На телефонската линија 02/ 15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела имало 1.719 повици. Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, на линијата имало 133.470 повици, соопшти Здравствен дом- Скопје.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, соопшти Здравствен дом- Скопје.