Сообраќајот во зимски услови, забрана за камиони на неколку патни правци
Патниот правец Македонски Брод- село Здуње околу кој гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид сообраќај. На планинските превали Плетвар, Пресека и Стража е воведена забрана за тешки товарни возила од превентивни причини. Забрана за движење на камиони има и на патниот правец крак Маврово- Дебар.

Во Македонија повторно снег. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, претежно по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, информираат од „Македонија пат“.
Зимската служба на Град Скопје интервенираше во расчистувањето на снегот и изутрината се фрлени 50 тони сол на булеварите и улиците.
Патниот правец Македонски Брод- село Здуње околу кој гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид сообраќај.
На планинските превали Плетвар, Пресека и Стража е воведена забрана за тешки товарни возила од превентивни причини. Забрана за движење на камиони има и на патниот правец крак Маврово- Дебар.
Во клисурите и во засеците е можна појава на помали одрони, па надлежните препорачуваат внимателно возење, приспособување на брзината спред условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација.
Дежурните екипи на „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.
