Битола: Ниските температури предизвикаа проблеми
Замрзната водоводна инсталација, над 200 интервенции во ортопедското одделение, ваква е сликата во Битола по големиот студ. Надлежните апелираат, граѓаните да се подготват за новиот влажен бран.

По двонеделните ниски дневни и сибирски ноќни температури денешните околу нула степени за битолчани се како пролет. На широксокак раздвижено а дел од повиталните пензионери на и околу клупите во паркот.Тема- студот што ја погоди Битола по неколкуте меки зими и и справувањето со мрзнењето на водоводната инсталација и водомерите.
Отворените вентили на чешмите ја зголемија потрошувачката на вода за околу 30 проценти. Од битолски Водовод велат дека ниските температури зад себе оставиле солидни последици и во индивидуалните, колективните и деловните објекти.
За следнава недела се најавува нов влажен бран, граѓаните да направат потемелни подготовки- апелира првиот човек на ЈП Водовод.
Остатоци од мраз сѐ уште има на споредните осојничави улици. Лизгавите, на места коловози- главната причина за зголемениот обем на работа во изминативе денови во ортопедското и хируршкото оделение на Клиничката болница.
На ортопедското одделение помош побарале околу 200 лица, 10 проценти од нив биле со скршеници, од кои половината, завршиле дури и со хируршка интервенција.
За разлика од останатите со симпатии на најавениот нов снежен бран гледат љубителите на скијањето и земјоделците, едните за подолга скијачка сезона другите за заштита на есенските посеви.
Стевче Митревски
