Растат цените на угостителските услуги
05.02.2014 16:24
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистикa...

Цените на угостителските услуги пораснале за 0,2% во јануари годинава, во споредба со декември, лани, покажуваат податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Доколку се прави споредба по групи, зголемување е забележано во групите „храна“ за 0,2 % и „безалкохолни пијалаци“ за 0,4 %.
Во јануари годинава, во однос на јануари лани цените на угостителските услугиод се намалени за 0,2 %.
