БЕГ: Испораката на топлинска енергија се одвива нормално, без посериозни дефекти
16.01.2017 11:12
Советуваат да не се исклучуваат делови од грејната инсталација и радијаторите во простории кои се изложени на негативни температури.

Потрошувачите да внимаваат и да спречат мрзнење на инсталацијата и на грејните тела, апелираат од компанијата за снабдување со топлина, Балкан Енерџи Груп (БЕГ).
Советуваат да не се исклучуваат делови од грејната инсталација и радијаторите во простории кои се изложени на негативни температури.
Во изминатиов период, поради екстремно ниските температурите, по што следуваше затоплување, забележани се случаи на дефекти на внатрешната инсталација кај некои деловни потрошувачи, но и во индивидуални куќи.
Сепак, од компанијата велат дека испораката на топлинска енергија се одвива нормално и нема посериозни дефекти.
