Парламентот во Турција ги одобри уставните реформи
16.01.2017 11:30
Сите 18 измени на Уставот ја добија потребната поддршка од над 330 гласа. За да се потврди првичниот резултат неделава ќе има уште еден круг гласање.

Турскиот Парламент го одобри пакетот уставни реформи со кои земјата би преминала во претседателски систем на владеење.
Сите 18 измени на Уставот ја добија потребната поддршка од над 330 гласа. За да се потврди првичниот резултат неделава ќе има уште еден круг гласање.
Доколку уставните реформи добијат поддршка од најмалку 330 гласа во 550-члениот Парламент, ќе биде организиран референдум.
