Синдикалците од „Југохром“ на средба со Димитриев
И покрај забраната од Инспекторатот за животна средина која предвидува Комбинатот да не работи сѐ додека не бидат поставени филтри, Синдикатот е упорен да се обнови технолошкиот процес.

Претставници на Синдикатот на комбинатот „Југохром“ ќе се сретнат со премиерот, по барањето што го поднесоа пред две недели. И покрај забраната од Инспекторатот за животна средина која предвидува Комбинатот да не работи сѐ додека не бидат поставени филтри, Синдикатот е упорен да се обнови технолошкиот процес.
Од менаџментот тврдат дека филтрите ќе бидат поставени до крајот на годината. Синдикалците велат дека барањата ги базираат на анализата што ја направиле за влијанието на фабриката врз загадувањето на воздухот. Ако нивните барања не бидат прифатени, Синдикатот најавува нови протести.
Раководството на „Југохром“ постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение во ноември лани комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.
Се сметаше дека на тој начин ќе се намали и загадувањето на воздухот во Тетово.
