Утре ќе се гласа за нов претседател на Европарламентот
Претседателот на Европскиот Парламент одлучи да се повлече од функцијата. Отсуството на коалиција и големиот број на кандидати, дури седум, го усложнија изборот за нов претседател на Европарламент, закажан за утре.

Европскиот парламент сѐ досега го избираше претседателот, во еден или два круга. Но, со оглед на необичната поделба на политичките сили и во отсуство на коалиции кои традиционално се формираат пред гласањето, Парламентот овој пат ќе треба да смета и на суптилностите на Деловникот.
Механизмот на гласање може да биде доста долг, и тој се користеш само еднаш, во 1979 година, при изборот на Питер Данкерт, кој беше избран дури по четири круга на гласање.
Засега, Парламентот е многу поделен: има седум кандидати, а претставниците на двете водечки политички групи на народните партии и на социјалистите не ги разгоруваат страстите, ниту за ниту против нив.
Обединетата левица ја избра Елеонора Форенза, зелените Жан Ламбер, Европската социјалистичка партија Џани Питела, центарот Ги Верхофштад и десницата на, поранешниот Комесар, Антонио Тајани од Европската народна партија, Хелга Стивенс ќе биде кандидат на групата груата на европските конзервативци и реформатори, и Лорентиу Ребега од Европа на нациите и слобода на екстремната десница.
Утре, 751 европратеник започнуваат со гласањето во 9 часот, што се врши со тајно гласање со ливче, со што сериозно ќе биде оддолжен процесот. Ако ниту еден кандидат не добие апсолутно мнозинство при првото гласање ќе се елиминираат последните два.
Во вториот круг, можно е појавување на нови кандидати. А, во отсуство на коалицијата, оваа хипотеза е со поголем кредибилитет, особено поради тоа што тајното гласање им овозможува на европратениците да гласаат без комплекс надвор од инструкциите на нивната група. Дури во четвртиот круг Европратениците ќе гласаат само за два преостанати канидати, а во отсуство на апсолутно мнозинство постариот ќе стане претседател.
Најмногу изгледи да победи имаат Тајани и Питела, ако Тајани победи тоа ќе значи дека Народните партии, поточно десницата ќе ги има сите раководни функции во Европската Унија, Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ
