Снежна покривка од над половина метар урна училиште во Орегон

16.01.2017 14:22

Во Калифорнија и во Невада е издадено предупредување за можни поплави, а властите ја мобилизраа градежната инспекција...

Големото количество снег во Орегон урна покрив од училишна зграда стара околу 70 години. Наставата во регионот беше претходно откажана поради влошените временски услови.

Во Калифорнија и во Невада е издадено предупредување за можни поплави, а властите ја мобилизраа градежната инспекција на сите образовни институции во погодените подрачја.