ЕКСКЛУЗИВНО: Неодговорни лица одговорни за кингерот

05.02.2014 16:50

Самото планирање на летот подразбира детално планирање со најава на летот, но, тоа не можело директно да влијае за несреќата на Кингерот, тоа само покажува дека во службите работеле некомпетенти луѓе, па тие нестручно го сториле тоа.

 Човекот кој обучил најмалку десетмина пилоти токму за кингерот, Кирил Каевски за МТВ  тврди дека во тоа време службите биле неорганизирани. Не постоел диспечерски центар.

-„ Во секоја авио служба потребно е да има одделение за планирање на летови, односно диспечерски центар или оперативен центар. Во тој момент во службата за општи  и заеднички работи не постоел таков центар, иако пред тоа постоел, меѓутоа не знам од кои причини тој центар е расформиран “,вели Кирил Каевски, поранешен пилот и инструктор на пилотите за владиниот кингер.

Според процедурата за непрецизно слетување на Мостарскиот аеродром слетале авиони и пред, но  и половина час по падот на владиниот Кингер  па  Каевски смета дека веројатно пилотите не ја запазиле оваа процедура.  Тие отстапиле од висинската граница предвидена за слетување. Не ги знае причините  за тоа, но сигурен е дека оваа отстапка била кобна за Кингерот и екипажот.

-„ Дали намерно или ненамерно ја напуштиле висината од 2000 фити и согласно звучниот сигнал кој го слушнав на лентата тие биле пониско за 300 фити од таа височина  на која требале да бидат. И тоа е причината за ударот во земјата“-  вели Кирил Каевски .

Откако тимот на Кулиќ ја затвори истрагата во Македонија , се состана Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи.

Останува да се почека на истрагата во Босна и Херцеговина. Откако ќе се анализира досието од францускиот контигент на НАТО за процедурата и босанското цивилно воздухопловство во врска со одлуката за процедурата на слетување, по што ќе следува конечниот извештај за несреќата.

Фиљана Кока