Величковски на заседание на воениот комитет на НАТО во Брисел

17.01.2017 10:27

Генерал Величковски ќе се обрати на две сесии на кои ќе присуствуваат началници на генералштабови на земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите - партнери на НАТО.

Началникот на генералштабот на АРМ, Генерал- потполковник Методија Величковски во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на заседанието на воениот комитет на алијансата.

Генерал Величковски ќе се обрати на две сесии на кои ќе присуствуваат началници на генералштабови на земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ и земјите - партнери на НАТО.

Состанокот на воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови се одржува двапати годишно со цел да се разгледаат актуелните мисии и операции на НАТО, како и да се обезбедат воени совети на Алијансата во справувањето со глобалните безбедносни предизвици.