Продолжува судскиот процес „Тврдина 2“

17.01.2017 10:30

СЈО добило дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање, чии седум вработени се обвинети во овој предмет, за користење на класифицираните докази во судската постапка.

Во скопскиот Кривичен суд треба да се одржи второто подготвително рочиште за случајот „Тврдина 2“ што го иницираше Специјалното јавно обвинителство, за уништување документи за набава на опремата за следење на комуникациите.

СЈО добило дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање, чии седум вработени се обвинети во овој предмет, за користење на класифицираните докази во судската постапка.

Судот го задолжи обвинителството да обезбеди декласификација на доказите, од тој што ги создал и ги класифицирал, а тоа е самата Управа, чии вработени ги сториле кривичните дела.

Во „Тврдина 2“ првоосомничен е поранешниот началник во петтата управа, и шест службеници од управата кои се товарат дека уништиле над две илјади службени акти, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.