Контактирани 68.502 хронични пациенти од кол- центарот на ФЗОМ

17.01.2017 10:38

Голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил...

Фондот за здравствопреку телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта досега контактираше 68.502 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.

Како што соопштуваат од ФЗОМ, 10-те тима на вработени во Фондот кои ги контактираат осигурениците, од почетокот на проектот од 1 октомври 2015 до денес, продолжуваат да наидуваат на позитивен приeм. Голем број од контактираните осигуреници се запознаени со тежината на нивното заболување и имаат основни информации за својата терапија, начинот на исхрана и животен стил, но има и осигуреници кои иако знаеле дека се болни, не биле сигурни какви се последиците од ненавременото одење на лекар и примање на соодветна терапија. На овие осигуреници во разговорите со нив, укажано им е од колкава важност за нивното сопствено здравје е да ги слушаат препораките на лекарите и да се однесуваат посовесно кон своето здравје, што ги засега и нивните најблиски.

Овие разговори се и можност осигурениците да прашаат и за други права од здравственото осигурување, што се во надлежност на Фондот. Осигурениците, исто така, во разговорите со се интересирале и за користење на новите електронски услуги на Фондот.