Европскиот Парламент избира нов претседател
17.01.2017 11:05
Според проценките, најголеми шанси за победа, имаат двајца Италијанци и еден Белгиец.

Европскиот Парламент избира нов претседател, кој ќе го наследи Мартин Шулц. Според проценките, најголеми шанси за победа, имаат двајца Италијанци и еден Белгиец.
Меѓу кандидатите за кои ќе гласаат 751 член на ЕП во Стразбур, води италијанскиот политичар Антонио Тајани- поранешнот портпарол на Силвио Берлускони.
По распадот на коалицијата на проевропските партии во време кога ЕУ се соочува со бегалска криза и зголемен евроскептицизам, се очекуваат бурни избори.
