Тереза Меј ќе ја претстави стратегијата за Брегзит

17.01.2017 11:15

Меј ќе ја претстави стратегијата за Брегзит и 12-те преговарачки цели пред дипломатите во Лондон, вклучувајќи ги и начинот на кој Велика Британија ќе излезе од заедничкиот пазар и царинската унија.

Британската премиерка Тереза Меј ќе ја претстави стратегијата за Брегзит и 12-те преговарачки цели пред дипломатите во Лондон, вклучувајќи ги и начинот на кој Велика Британија ќе излезе од заедничкиот пазар и царинската унија.

Земјата се стреми кон рамноправно партнерство со европскиот блок. Една од централните точки на стратегијата на Меј е враќање на националната контрола на границите на земјата.