Брисел е против планот на Трамп за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим
Брисел, но и владата во Јордан, предупредија дека таквиот чекор ќе ги зголеми тензиите во регионот.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ се против планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.
Брисел, но и владата во Јордан, предупредија дека таквиот чекор ќе ги зголеми тензиите во регионот. Унијата и натаму ќе се придржува до меѓународниот консензус од резолуцијата 478 на Советот за безбедност на Обединетите Нации од 1980 година според кој Ерусалим не треба да биде седиште на амбасадата.
Политиката на Трамп за Блискиот исток се уште не е конкретизирана, но тој сигнализираше дека ќе биде наклонет кон израелската крајна десница и најави дека дипломатското претставништво ќе биде преместено од Тел Авив во Ерусалим, чијшто источен дел Палестинците сакаат да биде главен град на нивната држава.
