Сообраќајот во зимски услови, остатоци од снег на коловозите
Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Кичево- Охрид преку планинскиот премин Пресека и Гостивар- Кичево преку преминот Стража. Патниот правец Македонски Брод- село Здуње каде што гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид на сообраќај.

Нова снежна прекривка во државава. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од снег на коловозите.
Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Кичево- Охрид преку планинскиот премин Пресека и Гостивар- Кичево преку преминот Стража.
Патниот правец Македонски Брод- село Здуње каде што гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид на сообраќај. Автомото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Од аеродромот „Александар Велики“ се реализирани сите планирани полетувања и слетувања, дел од нив со мали доцнења.
