Градиме мостови преку образованието

05.02.2014 17:18

Да научиме да живееме едни покрај други, а не едни против други.

Проектот „Градиме мостови“ треба да ја постигне оваа цел, да ги збилижи учениците од различна етничка припадност. Минстерството за образование ќе додели грантови за мултиетничките училиштата кои ќе организираат спортски натпревари и работилници.

-„Фондот на проектот “Градиме мостови “ нуди два вида на грантови . Првиот вид се таканаречени “брзи грантови” во вредност до 1500 евра , за проекти кои се спонтани или се итни за училиштата и за кои може да се аплицира во секој момент  преку министерството“, рече Министерот за образование Спиро Ристовски

Целта е да се искоренат предрасудите меѓу младите и да се надминат стереотипите .

-„Со искористувањето на ваквото богатство , ние им воозможуваме на младите генерации да имаат заедничка иднина во Европа“, рече Маријане Берец – шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија

Се приклучија и естрадните уметници.

-„Ја подржувам иницијативата Градиме мостови“, рече Тони Зен

-„Ќе покрене некоја нова енергија во Македонија која што мислам дека постои но треба да заживее“, рече Ребека

Иницијатори на идеи на проекти можат да бидат општините, наставниците, родителите и учениците.

снимател: Трајче Илиевски

новинар: Викторија Тодоровска