Одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“
Судот наложи – СЈО да побара од дирекцијата за класифицирани информации да се декласифицираат доказите. Новото рочиште е закажано за 13- ти март.

Во скопскиот Кривичен суд одложено рочиштето за случајот „Тврдина 2“ што го иницираше Специјалното јавно обвинителство за уништување документи за набавка на опремата за следење на комуникациите. Причина- неообезбедена декласификација на доказите.
Судот наложи – СЈО да побара од дирекцијата за класифицирани информации да се декласифицираат доказите. Новото рочиште е закажано за 13- ти март.
Специјалната обвинителка Ленче Ристовска ги избегна новинарите. Во „Тврдина 2“ првоосомничен е поранешниот началник во Петтата управа и шест службеници од управата кои се товарат дека уништиле над две илјади службени акти, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.
Одбраната побара отфрлање на доказите на Специјалното обвинителство.
