Лавров: Го поздравуваме ставот на Трамп за борба против тероризмот
На годишната прес-конференција истакна дека Москва е загрижена и дека жали поради фактот што меѓународната заедница „и натаму не може да формира заеднички фронт против тероризмот“.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија ја поздравува желбата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп борбата против меѓународниот тероризам да биде приоритет.
На годишната прес-конференција истакна дека Москва е загрижена и дека жали поради фактот што меѓународната заедница „и натаму не може да формира заеднички фронт против тероризмот“.
Меѓудругото, додаде дека Русија е подготвена да соработува со која било држава во борбата против тероризмот. Зборувајќи за руско- американските односи со администрацијата на Трамп, Лавров наведе дека руските власти се реалисти и набљудуваат како новата американска администрација се подготвува за својот мандат.
