Утре нов снежен бран, стабилизација од петок
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од снег на коловозите...

Нова снежна прекривка во државава. Поинтензивни врнежи се најавуваат утре и в четврток. Од петок постепено стабилизирање на времето.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од снег на коловозите. Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека и Гостивар- Кичево преку преминот Стража.
Патниот правец Македонски Брод- село Здуње каде што гравитираат 11 села, сѐ уште не е прооден за секаков вид на сообраќај.
Автомото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
