Правнуката на Прличев во Охрид
Охрид ја одбележува годишнината од смртта на еден од најистакнатите дејци од 19-тиот век,поетот и ловороносецот Григор Прличев

Охрид ја одбележува годишнината од смртта на еден од најистакнатите дејци од 19-тиот век,поетот и ловороносецот Григор Прличев.На пригодна свеченост за делото „Азбукословецот„ на авторот Иван Василевски му беше врачена наградата „Григор Прличев„,за надобра поема напишана на македонски јазик во 2 013-тата година.
„И по 121-година од смртта на големиот поет Григор Прличев македонските поети се восхитуваат и инспирираат од неговиот величествен лик и неповторливите поеми.За тоа потврда е и делото на добитникот на наградата „Григор Прличев„ за 2 013-та година Иван Василевски,за поемата „Азбукословецот„,која е составена од 1 110 стихови,напишана во духот на прличевото пеење.Во „Азбукословецот поетот се навраќа на предмилениумска тема,со вонвременско значење,воспевајќи го Свети Климент Охридски и неговото дело“,-Милован Стефановски-Претседател на комисијата за доделување на наградата
„Поривот на авторот да ја сочини поемата е ликот,делото и значењето на Свети Климент за македонскиот народ ,а она што е загатнато во насловот „Азбукословецот„ се проткајува од првиот до последниот стих на ова дело„.
Голема е честа да се добие ова престижно признание,кое го носи името на великиот Григор Прличев,рече добитникот на наградата.
„Јас Прличев го почитувам и сакам уште од мали нозе,од деновите во основното училиште,па се до денес.Сега кога ја примив оваа награда горд сум што таа го носи неговото име“, - Иван Василевски-добитник на наградата „Григор Прличев„
На свеченоста присуствуваше и внуката на ловороносецот Прличев,која живее во Бугарија.
„Ја искажувам својата благодарност на Охрид и сите институции кои го носат името на Григор Прличев,а најмногу заради одржувањето на оваа манифестација која има долга традиција“, - Олга Прличева - внука на Прличев
Прличевите беседи продолжуваат утре со полагање цвеќе на гробот на поетот,ловоров венец на неговата биста и традиционалната Прличева визита.
Новинар: Сашо Неловски
Снимател :Тони Нически
