Сообраќајот во зимски услови, екипите на „Македонија пат“ на терен

17.01.2017 15:45

Македонија е под нова снежна прекривка. Синоптичарите за утре најавуваат поинтензивни врнежи. Сообраќајот се одвива отежнато, со повремени забрани за движење на тешки товарни возила на дел од патните правци. Во моментов, прекин има на потегот Скопје – Македонски Брод преку Јасен и Брод- село Здуње. Екипите на „Македонија пат“ се на терен.

Битолската подружница на „Македонија пат“ успешно одговори на налетот на вториот снежен бран. Иако наврнаа само дестина сантиметри снег, пристапот максимално професионален. Од синоќа со механизацијата непркинато работиме, а во прилог ни одеше тоа што температурата не беше екстремно ниска, вели возачот Роберт Долевски.

„Снежната покривка не беше дебела, а температурата не беше под минус шест степени што овозможи солта да реагира, а потоа само опесочивме и гледате дека е проодно за сите возила“, рече возачот Роберт Долевски.

За разлика од минатиот пат, за сработеното позитивната критика и од самите учесници во сообраќајот.

„Немам забелешки на патот чист е и се чувствувам безбедно при возењето“, вели возач на патничко возило.

„Се гледа дури и асфалтот, снег има на некои места, но мал е, и нема опасност“ вели друг возач на патничко возило.

„Изненаден сум нема забрана за тешки товарни возила, камионот добро се движи и нема досега опасност по патот“, вели возач на тешко товарно возило.

Планинскиот превој Ѓавато е на надморска височина од 1.200 метри и е еден од најнепредвидливите, и тој е некаков барометар каква е состојбата на останатите критични места.

Планинскиот превој „Ѓавато“ е еден од седумте кој се во надлежност на битолската подружница на „Македонија пат“. Според информациите до пладне и на остнатите нема никакви забрани или ограничувања за движење во сообраќајот.

Во зимскиот период оваа подружница има голема одговорност. Одржува 1.400 километи магистрални и регинални патишта или близу една третина од патната мрежа во надлежност на „Македонија пат“. Остануваме максимално посветени со 24- часовни дежурстава да интервенираме согласно со акциониот план, вели раководителот на битолската секција.

„И понатаму остануваме максимално посветени со целиот расположив човечки и механички потенцијал, досега потрошивме над 1.500 тони сол и околу 2.500 метри кубни абразивен сол“, вели раководителот Веселинчо Спасевски.

Најавија дека во текот на денот уште еднаш со механизацијата ќе поминат онаму каде има остатоци на кашест снег, а потоа ќе попесочат како би направиле подлога која подготвено ќе ги дочека врнежите на снег кои се најавуваат за следниве денови.

Стевче Митревски