Тајани- фаворит за нов претседател на Европскиот Парламент

17.01.2017 15:57

Неочекувано пред првиот круг на гласањето, кандидатот на Либерал-демократската група Ги Верховштад, поранешниот белгиски премиер, се повлече од трката за претседател на Европскиот Парламент, во полза на Антонио Тајани кандидатот на Европската народна партија. Во вториот круг на гласање останаа сите шест кандидати, што ќе направи да гласањето потрае до вечер.

Повлекувањето на либералдемократскиот канидат Ги Верховштад не беше доволно да Тајани биде избран за претседател во првиот круг, иако забележа убедлива предност со освоени 274 гласови, пред канидатот на солцијалдемократите, Џани Питела кој освои 183 гласа.

Другите кандидати Елеонора Форенза (Обединета европска левица- Нордиска зелена левица група, Италија), Жан Ламберт (Група на зелените/ Европската слободна алијанса Велика Британија), освоија по 50 гласови секоја, Лорентиу Ребега (Европа на Нации и Слобода, Романија), 43 и Хелга Стивенс од конзервативците 77.

Верховштад, своето повлекување и приклучување во коалицијата на Народните партии го оправда со потребата од „градење на паневропска коалиција за да с ереформира и зајакне ЕУ, што според него е „апсолутно неопходно“ со оглед на „предзивиците со кои се соочува Европа со Путин и Трамп“.

Фаворитот, Антонио Тајани, Претставувајќи се пред неговите колеги пред првиот круг, инсистираше дека е потребен силен парламент и добар претседател кој ќе работат во интерес на сите.

„Сакам похрабра Европa, посилен Европски Парламент наспроти големите предизвици на светот. Европа што не се плаши од разноликоста, и која напротив тоа го поттикнува“, рече Тајани.

Џани Питела, исто како и Верхофштад, изрази загриженост за владеењето на Европски народни партии на трите европски институции, ако го добијат и претседателството на Парламентот.

Според парламентарни извори, трката за претседател за Европскиот парламент може да им послужи на социјалдемократите, во случај на неуспех, да бидат во позиција по заминувањето на Туск од претседателството со Европскиот совет во средината на 2017-та година да го бараат тоа место.

Гласањето продолжува. Гласовите на евроскептиците и екстремната десница се тие кои ќе ја направат разликата.

 

Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ