На Државната кардиохирурхија лани 388 операции
388 операции се направени на Државната кардиохиргија во текот на 2016-та. Надлежните велат дека оваа установа прераснува во една од најбрзорастечките во земјава. Годинава ќе троши повеќе пари од лани.

388 операции направиле лани, лекарите на Државната кардиохирурхија. 150 од нив се од васкуларна хирургија. На Клиниката го следат трендот и го работат севкупниот спектар на кардиохирушки и големи васкуларни операции, вели кардиохирургот Сашко Јовев.
Бројот на интервенциите на кардиохирургија расте, за трипати е зголеменво однос на 2015 година. За васкуларна хирургија во минатото пациентите се испраќале во приватните болници.
Буџетот од формирањето на оваа институција во 2014-та година заклучно со буџетот за 2017-та година е зголемен за пет пати.
Надлежните се надеваат дека со враќањето на кадарот кој е испратен од Министерството за здравство на едукација во странство дополнително ќе се зајакнат услугите кои ги даваат на осигурениците.
Наташа Јанчиќ
