Македонците јадат најскапо свинско

18.01.2017 10:07

Цените на месото и на млекото во Македонија се еднакви на просечните цени на европските пазари. Вака велат податоците од последниот извештај на земјоделскиот пазарен информативен систем на Европската Унија. Македонија јаде поскапо месо дури и од некои земји во Унијата.

Македонците јадат најскапо свинско месо. Според последниот извештај на цените на месото на европската Унија во ноември, свинското кај нас од таканаречената Е категорија со која се вршат споредбите, се продавало по 150 денари за килограм, или за 52 денари поскапо од европскиот просек. Свинското било најевтино во Белгија и во Холандија по 86, а најскапо во Бугарија и во Италија по 115 денари за килограм.

За разлика од македонците пак, германците и французите јадат поскапо пилешко. Тие го купуваат бројлерското месо по 164 и 156, а нас не чини по 138 денари за килограм.

Грција и Словачка спремале поефтино јагне на трпезите кое се продавало за 8, односно за 52 денари поевтино од нашето јагнешко кое во ноември тежело 310 денари за килограм.

Откупната цена на млекото исто така е безмалку до европскиот просек. Кај нас за екстра и за прва класа се добивале 18 денари, а во Европа 17,4 денари за литар.

 

Методија Трајков