Претседателската кампања забранува промоција на нови објекти

05.02.2014 18:04

Од 4 март не смеат да се одржуваат јавни настани за пуштање или старт на градба на нови објекти...

До  4-ти  март  можат  да  се  пуштаат  во  употреба  новоизградените  објекти  или  да  се  ставаат  темелници  за  нови  градби  за  коишто  се  веќе  предвидени  средства  во  државниот  или  општинските  буџети. Двaесет  дена  пред  стартот  на  кампањата   или  од  4  - ти  март, според  договореното  меѓу  власта  и  опозицијата, сечењето  на  црвените  ленти и  фрлањето  на  првите  лопати не  смее  да  биде  јавен  настан -  појаснува  вториот  човек  во  министерството  за  правда.  

 „Не се јасни причинити поради кои доаѓа до различно толкување од страна од страна на некои политички партии или пак од страна на некои медиуми, дека јавните настани по повод отпочнувањето со градба или отпочнувањето со работа на некои објекти е спротивно на донесениот изборен законик кога изборниот законик беше донесен со конзензус од сите политички партии, одредбата 8а не дава простор за различни толкувања по основ на тоа што е јавен настан и кога се дозволени или кога не се дозволени јавните настани.“ - Билјана  Бришковска - Бошкоски - заменик  министер  за  правда

 „Камерите  не  смеат  да  ги  регистрираат   настаните , но, како  што  стои  во  членот  8а - за  нив   може  да  се  говори  на  митинзите ,во  интервјуа  или  да  се  одговара  на  новинарски  прашања “- појаснува  Бришковска.

За  непочитување  на  правилата  прекршочните  се  заменети  со  кривични  казни -  функционерите  ризикуваат  да  се  соочат  со  затворска  казна  од  три  до  пет  години.

Новинар: Виолета  Димовска

Снимател  Ѓорѓи  Трпевски