Сообраќајот отежнат од снег и магла
18.01.2017 10:18
Нормализиран е патниот правец Кичево- Гостивар кај Стража, забрана има на делницата Маврово- Дебар.

Магла со видливост до 50 метри има на Плетвар, снег паѓа во главниот град, во Крива Паланка, Дебар, Ресен, Делчево, Велес, Неготино, Штип, а слаб дожд има во Удово и во Гевгелија.
Нормализиран е патниот правец Кичево- Гостивар кај Стража, забрана има на делницата Маврово- Дебар.
Кашестиот снег од синоќа замрзна поради пониските температури, затоа надлежните предупредуваат на внимателно возење.
