Посебен сообраќаен режим за Водици во Центар и Ѓорче Петров
18.01.2017 10:26
Сообраќајната полиција за утре воведува посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, како и во општина Ѓорче Петров...

Утре е Богојавление- Водици. Во пресрет на верскиот празник, сообраќајната полиција за утре воведува посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, како и во општина Ѓорче Петров.
Од 9 часот па до завршувањето на манифестацијата, во центарот на Скопје ќе бидат затворени улицата „Филип Втори“ до булеварот „Гоце делчев“, и улицата „Кеј 13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.
Во општина Ѓорче Петров нема да се сообраќа од црквата „Свети Петар и Павле“ до железничкиот мост на реката Вардар.
