Снежната покривка ќе се зголеми и до 40 сантиметри
Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cантимтери нов снег. Во Скопско се очекува висината на покривката да се зголеми за околу 15 до 20 сантиметри.

Значително зголемување на снежната покривка, на повеќе места и за 20 до 30 сантиметри, најавува УХМР поради врнежите кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cантимтери нов снег. Во Скопско се очекува висината на покривката да се зголеми за околу 15 до 20 сантиметри. Најмногу снег утрово има во Маврово, 69 сантиметри, а најмалку во Штип, еден сантиметар.
Моментно времето во Македонија е облачно со локални, претежно слаби врнежи од снег, а на крајниот југоисток со слаб дожд. До крајот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.
Во Скопско облачно со повремени врнежи од снег, во текот на денот послаби, а пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Максималната температура ќе биде околу 1 степен над нулата.
Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови. Од петок се очекува стабилизација на времето со суво време и намалување на облачноста.
