Врачување на Светската награда за хуманизам на Јиржи Свобода
Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла...

Чешкиот режисер и сценарист Јиржи Свобода е добитник на Светската награда за хуманизам, што денеска ќе му биде врачена во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид.
Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители св. Климент и св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, соопшти Охридската академија на хуманизмот, која ја доделува наградата.
Најавено е на настанот вечер да се обратат Јордан Плевнеш, претседатател на Охридската академија на хуманизмот, Мирослав Рамеш, амбасадор на Република Чешка во Македонија, и градоначалнкот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.
