Обама помилува над 200 затвореници, меѓу кои и војникот Челси Менинг
Обама донесе одлука за ослободување или намалување на казната на повеќе од 200 затвореници, меѓу кои е и војникот Челси Менинг осуден за шпионажа и објавување на документи на сајтот на Викиликс.

Претседателот во заминување на САД Барак Обама донесе одлука за ослободување или намалување на казната на повеќе од 200 затвореници, меѓу кои е и војникот Челси Менинг осуден за шпионажа и објавување на документи на сајтот на Викиликс.
Основачот на контроверзната вебстраница Џулијан Асанж го поздрави потегот, и најави дека доколку се случи ова, тој ќе се согласи да биде екстрадиран во САД. Асанж со години се крие во еквадорската амбасада во Лондон бидејќи шведскиот суд го бара поради обвиненија за силување, а Вашингтон поради шпионажа.
И Едвард Сноуден, друг поранешен соработник на американското разузнавање, кој изнесе голем број на доверливи информции, му се заглагодари на Обама за намалувањето на казната за Менинг.
