СЈО го повлече обвинението за предметот „Пуч“

18.01.2017 11:34

Од СЈО велат дека одлуката е заради прибирање дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука.

Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт за предметот „Пуч“ поради како што наведуваат, фактичката состојба која е во спротивност со доказите со кои се располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. За ова ќе биде известен и скопскиот Кривичен суд.

Од СЈО велат дека одлуката е заради прибирање дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука.

Со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавени во фазата на главна расправа, стои во соопштението од СЈО.

Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден вработен во МВР.

Се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.