Вашингтон донира 500 милиони долари во фондот на ОН за борбата против климатските промени
Со оваа сума двојно се зголемува придонесот на Вашингтон во „Зелениот климатски фонд“ кој им помага на сиромашните земји да ја намалат емисијата на штетни гасови преку развивање на еколошки чиста енергија и зголемување на приватните инвестиции.

САД доставија 500 милиони долари во фондот на Обединетите нации за борба против климатските промени.
Со оваа сума двојно се зголемува придонесот на Вашингтон во „Зелениот климатски фонд“ кој им помага на сиромашните земји да ја намалат емисијата на штетни гасови преку развивање на еколошки чиста енергија и зголемување на приватните инвестиции.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и повеќе републиканци од Конгресот се противат на програмата и тврдат дека фондот не добил изрична поддршка од законодавното тело.
