Анкети: Доналд Трамп е најнепопуларниот претседател во САД

18.01.2017 12:15

Барак Обама, Џими Картер, Роналд Реган, Бил Клинтон и Џорџ Буш имале дури два пати поголема поддршка во споредба со новоизбраниот лидер кој ја презема Белата куќа во наредните четири години.

Според анкетите на „Еј-Би-Си“ и „Вашингтон пост“, Доналд Трамп е најнепопуларниот претседател на САД во последните 40 години и има поддршка само од 40% од народот.

Барак Обама, Џими Картер, Роналд Реган, Бил Клинтон и Џорџ Буш имале дури два пати поголема поддршка во споредба со новоизбраниот лидер кој ја презема Белата куќа во наредните четири години.

Најголема доверба му доделија во однос на планот за зголемување на работни места. Трамп кој е 45-ти претседател на САД ги отфрли статитстиките и нагласи дека и овие проценти се лажни.