СДСМ: Никој не може да ја спречи правдата
Таканаречениот случај „Пуч“ ќе остане запишан во историјата на Македонија како еден од обидите на режимската власт за прогон на политички противници...

Со денешната одлука на Специјалното јавно обвинителство, да се откаже од обвинителен акт против претседателот на СДСМ, Зоран Заев и другите лица во таканаречениот случај „Пуч“ - и официјално се потврди дека „странските служби, жолтите комбиња, тактичката опрема, клонираните базни станици“ се несовесна и безобразна измислица на Никола Груевски, соопштуваат од СДСМ.
Таканаречениот случај „Пуч“ ќе остане запишан во историјата на Македонија како еден од обидите на режимската власт за прогон на политички противници, но и како доказ, охрабрување и поука, дека никој и ништо не може да застане на патот на вистината и на правдата, се вели во дописот до медиумите.
