Истанбул: Машарипов во последен момент ја сменил целта на нападот

18.01.2017 14:12

Првичната локација бил плоштадот Таксим, но поради зголеменото полициско обезбедување, се премислил.

Узбекистанецот Абдулгадир Машарипов кој уби 39 луѓе во Истанбул за новогодишната ноќ во последен момент ја сменил целта на нападот. Првичната локација бил плоштадот Таксим, но поради зголеменото полициско обезбедување, се премислил.

Машарипов бил обучуван во Авганистан и зборува четири јазици. Одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“, нагласувајќи дека е одмазда за турската воена интервенција во Сирија.