САД воведоа санкции за Додик
Според него, тие се со големо симболично значење за човекот кој, како што вели, си играл со оган и ја минал црвената линија.

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко ја поздрави одлуката на САД да воведат санкции на претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Според него, тие се со големо симболично значење за човекот кој, како што вели, си играл со оган и ја минал црвената линија.
Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, потврди дека се воведени санкции против Додик за непочитување на Дејтонскиот мировен договор и одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина за референдумот за одбележувањето на Денот на Република Српска на 9 јануари.
За српскиот премиер Александар Вучиќ, мала е веројатноста Белград да ги следи чекорите на Вашингтон против Додик.
