Нови интензивни врнежи од снег- стабилизација од петок
Македонија е под снежен бран. Досега наврнаа 15-тина сантиметри снег, а на повисоките места и до 30, велат во УХМР. И натаму се очекуваат снежни врнежи, зимските служби на градот, но и на „Македонија пат“ ги чистат улиците и регионалните и магистралните патишта. Има забрана на планинските премини.

Снежна идила за најмладите, но за возачите проблеми, особено што се најавуваат поинтензивни врнежи од снег. Возилата тешко се движат по влажните коловози. На дел од планинските премини има забрана за тешки товарни возила и сообраќајот се одвива отежнато.
Патниот правец Македонски Брод - село Здуње каде што гравитираат 11 села поради снегот сѐ уште не е прооден за сообраќај. Од македонија пат велат, дежураат 24 часа и имаат доволно персонал и механизација, иако е стара повеќе од 25 години.
Од зимската служба на Град Скопје информираат дека на булеварите и градските улица се фрлени 140 тони сол. Апелираат на внимателно возење, но и потсетуваат на обврските за чистење на улиците што се во надлежност на општините, особено по најавите од УХМР за нови врнежи од снег.
Македонија е под нов снежен бран. Синоптичарите најавувуваат снежната прекривка во метрополата да достигне до 15- тина сантиметри, а на повисоките места и до 30. Интензивни врнежи од снег се очекуваат и утре.
Стабилизација на времето ќе има од петок- велат синоптичарите. Иако за викендот се најавува стабилизирање на временската состојба утринските температури ќе бидат во опаѓање.
Андријана Атанасовска
