ЕБОР: Повлечен кредитот за „Бошков мост“
18.01.2017 15:17
Според ЕБОР, не биле задоволени условите за реализација на кредитот...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потврди дека е истечен рокот од 5 години за користење на кредитот од 65 милиони евра за изградба на хидроелектраната „Бошков мост“.
Според ЕБОР, не биле задоволени условите за реализација на кредитот, и затоа во банката велат дека кредитот е откажан.
