Италија: Силни земјотреси, евакуирани училишта и метро
Американската геолошка служба соопшти дека првиот потрес бил со магнитуда од 5,4 степени по Рихтер и ја погодил областа северно од Аматриче, а вториот, малку посилен земјотрес со сила од 5,7 степени следел неполн час подоцна. За десетина минути подоцна тлото да се затресе и по трет и четврт пат.

Најмалку четири силни земјотреси од кои најсилниот со јачина од 5,7 степени по Рихтер ги потресоа централните делови на Италија. Потресите биле почувствувани во Рим, а „Раша тудеј“ пренесува дека е евакуирано и метрото во метрополата, како и некои училишта. Нема информации за евентуална штета или повредени лица.
„Се евакуиравме. Нашата зграда е многу флексибилна. Мислам дека повеќе се работеше за страв, отколку за вистинска опасност. Но, луѓето мора да бидат внимателни и сите треба да го прават она што мислат дека е најдобро“, вели жител на Рим.
Американската геолошка служба соопшти дека првиот потрес бил со магнитуда од 5,4 степени по Рихтер и ја погодил областа северно од Аматриче, а вториот, малку посилен земјотрес со сила од 5,7 степени следел неполн час подоцна. За десетина минути подоцна тлото да се затресе и по трет и четврт пат.
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони изјави дека нема загинати лица. Џентилони кој е во посета на Германија, во Берлин изјави дека денешниот ден е тежок за Италија.
Областа Аматриче, на околу 100 километри од Рим, во август минатата година го погоди разорен земјотрес во кој загинаа околу 300 луѓе и беше предизвикана голема материјална штета, а бројни згради беа целосно урнати.
На 26 октомври два потреса со сила од 5,5 и 6,1 степен погодија области северно од Аматриче, но во нив немаше жртви. Уште еден земјотрес во истата област се случи неколку дена подоцна, на 30 октомври.
Во последните неколку недели овие области се погодени од силни врнежи, кои во вчера затрупаа импровизирана болница во Аматриче.
Марина Автовска
