Укината забраната за камиони на Стража, Пресека и Плетвар

19.01.2017 10:38

Забрани за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово, на патниот правец Валандово - Дојран, а од осум часот утрово затворен за камиони е и магистралниот пат Скопје - Граничен премин Долно Блаце.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража е укината во 10:00 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Претходно укинати се забраните за камиони на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека и на планинскиот превој Плетвар.

Забрани за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово, на патниот правец Валандово - Дојран, а од  осум часот утрово затворен за камиони е и магистралниот пат Скопје - Граничен премин Долно Блаце.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.