Бобан Павловски го фати крстот во Скопје

19.01.2017 12:52

Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци. На чинот на положувањето на крстот во Вардар присуствуваа премиерот Емил Димитриев и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Бобан Павловски од Охрид го фати Светиот крст во реката Вардар што денеска напладне од мостот кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Павловски на сите им посака среќа и бериќет, а по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци. На чинот на положувањето на крстот во Вардар присуствуваа премиерот Емил Димитриев и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Пред големиот број граѓани г.г. Стефан порача дека верските празници треба да не потсетат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување за да можеме да создаваме дела достојни на нашето човечко и христијанско постоење.

Богојавление - Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.