Метео: Следува период на постабилно време
19.01.2017 14:38
За време на викендот ќе имаме студени утра, а по одделни котлини е можна појава на магла.

Следува период на постабилно време. Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди особено попладне.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. За време на викендот ќе имаме студени утра, а по одделни котлини е можна појава на магла.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
