Битола под половина метар снежна покривка
Битола еден од најпогодените градови со вториот снежен бран. Наврнаа окулу 40 сантиметри нов снег. Граѓаните и надлежните во акција за расчистување...
Со лопата в раце, Битолчани го започнаа денот. Со расчистување пред својата куќа да се помогне во отстранувањето на дел од ново наврнатите 40-ина сантиметри снег.
На новонастаната состојба, реагираат возачите. Велат- тешко е да се вози по споредните улици и баирската населба.
Од битолска Нискоградба велат дека нема отсечени села во општината. Се работи според приритетниот план и во договор со полицијата. Посочуваат оти го ангажирале сиот потенцијал.
Во билтенот на Битолската подружница на „Македонија пат“ стои дека сите седум планински превои се продни со повремена забрана за тешките товарни возила поради интервенцијата на коловозот.
Стевче Митревски
