ЕУ не ги поддржува санкциите на САД против Додик
20.01.2017 10:42
Американското Министерство за финансии воведе санкции против Додик поради непочитување на Дејтонскиот договор од 1995 година и напорите за европска интеграција на земјата.

Санкциите на САД против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, не се поддржани од ниту една членка на Европската Унија. На новата средба на работната група на европските дипломати било заклучено дека е неопходно внимателно да се следат состојбите во Република Српска.
Американското Министерство за финансии воведе санкции против Додик поради непочитување на Дејтонскиот договор од 1995 година и напорите за европска интеграција на земјата.
Според Додик, Босна и Херцеговина е осудена на пропаст и единствено решение е мирна дезинтеграција на неколку независни држави.
