Собранието ќе расправа за измените за Законот за минимална плата
06.02.2014 08:53
Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата денеска ќе биде тема...

Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата денеска ќе биде тема за расправа на третото продолжение на 84-та седница на Собранието на Република Македонија.
Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.
На дневниот ред се и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, двата по скратена постапка.
Како што е најавено на интернет страницата на Собранието, на агендата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на
Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за семејството и на Законот за заштита на културното наследство, сите во прво читање.
