УХМР: Постепена стабилизација на времето
Од понеделник целата земја ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и топла и влажна воздушна маса.

Времето денеска променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Највисоката температура ќе биде во интервал од нулата до 4 степени. Викендот се очекува стабилизација, со утринска температура под нулата.
Од понеделник целата земја ќе потпадне под влијание на засилено јужно воздушно струење и топла и влажна воздушна маса. Во вторник и в среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
До средината на неделата ќе биде релативно топло, а потоа ќе почне да дува северен ветер, кој ќе предизвика позначително опаѓање на температурата и услови за снег на планините, стои во прогнозата на УХМР.
