Сообраќајот на патиштата тековно по зимски услови

20.01.2017 10:48

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од Автомото сојузот на Македонија апелират на исклучителна внимателност при возењето, приспособена брзина на движењето и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека од 10 часот е укината забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.Сѐ уште има целосен прекин на сообраќајот на потегот Скопје- Македонски Брод преку Јасен.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од Автомото сојузот на Македонија апелират на исклучителна внимателност при возењето, приспособена брзина на движењето и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Авиосообраќајот засега се одвива според планираното. Според официјалната веб-страница на скопскиот аеродром „Александар Велики“, изутрината се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.