Мексико го испорача нарколордот Ел Чапо на САД
20.01.2017 11:02
Водачот на мексиканскиот картел „Синалоа“ се соочуваше со барања за екстрадиција во Калифорнија и во Тексас, каде што би можел да добие и смртна казна.

Мексиканските власти им го испорачаа на САД познатиот мексикански наркобос познат како Ел Чапо обвинет за шверц на огромни количества дрога и наркотици на американската територија.
Водачот на мексиканскиот картел „Синалоа“ се соочуваше со барања за екстрадиција во Калифорнија и во Тексас, каде што би можел да добие и смртна казна.
Лани беше сместен во затворот во градот Хуарез, наспроти тексашкиот пограничен град Ел Пасо, но властите во Мексико демантираа дека префрлувањето било дел од подготовките за екстрадиција.
Ел Чапо успеа два пати да побегне од мексикански затвори.
